Претседателот на Русија ѝ врачи орден на првата жена космонаут

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го врачи орденот Александар Невски на првата жена космонаут - Валентина Терешкова.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го врачи орденот Александар Невски на првата жена космонаут - Валентина Терешкова.

Наградата на Терешкова и беше доделена во резиденцијата Ново-Огарево во Подмосковје за време на состанокот на шефот на државата со космонаутите по повод 50-годишнината од првиот лет на жената во вселената.

Терешкова дојде на состанокот со претседателот во реткиот советски автомобил Чајка. Путин лично ја пречека Терешкова и ѝ подари букет. Автомобилите од марката Чајка се користеле во советско време за најсвечени случаи.

Зборот „Чајка“ е прекар на Терешкова за време на нејзиниот вселенски лет кој го изврши на 16 јуни 1963 година на бродот Восток-6. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња