Пред точно 50 години Терешкова стана првата жена во вселената

Голем јубилеј на руската космонаутика.

Во Русија и во светот се одбележуваат 50 години од летот на Валентина Терешкова - првата жена во вселената. Вчера првата жена-космонаут го посети споменикот на Јуриј Гагарин во Москва во знак на сеќавање на првиот човек во вселената.

Нешто покасно Терешкова се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

Валентина Терешкова полета кон вселената на 16 јуни 1963 година. Нејзиниот брод „Восток-6“ 48 пати ја прелета Земјата. На своето семејство му соопштила дека ќе оди на натпреварување за падобранци. Членовите на семејството за нејзиното достигнување дознале преку радио. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.