„Ведомости“: московското метро ќе го градат Азербејџанци и Белоруси

Московското метро ќе го градат азербејџански и белоруски компании, пренесува „Ведомости“.

Московското метро ќе го градат азербејџански и белоруски компании, пренесува „Ведомости“. Оваа пролет Москва создаде неколку заеднички претпријатија за реализација на таа цел.

Во април-мај „Мосинжпроект“ кој припаѓа 100% на владата на Москва, создаде две заеднички претпријатија - „Минскметрострој“ и „Евразстрој“.

Московските власти ветуваат дека за 1,5 пат ќе биде зголемена должината на сите линии на метрото до 2021 година. Инвестициите во проектот изнесуваат околу 24 милијарди евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња