Шереметјево е прогласен за најдобар аеродром во Европа

Шереметјево во 2011 година влезе во списокот на десетте најдобри европски аеродроми.

Московскиот аеродром Шереметјево е прогласен за најдобар во Европа во поглед на патничкиот сервис. Оваа одлука на Меѓународниот совет на аеродроми е донесена како резултат на истражувањето во рамките на програмата ASQ Awards, со која се проучува задоволството на патниците преку 37 клучни параметри.

Свечената церемонија за доделување на наградите на победничкиот аеродром ќе се одржи во Истанбул, каде претставници од Шереметјево рекоа дека ќе направат сѐ што е во нивна сила „квалитетот на услуги да биде доведен до ниво на најдобрите светски стандарди“.

Шереметјево во 2011 година влезе во списокот на десетте најдобри европски аеродроми. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.