Русија и Иран ќе ја користат руската рубља

Обиди за зголемување на трговијата меѓу двете земји.

Во моментов трговијата меѓу Москва и Иран бележи пад, констатираше амбасадорот на Русија во Иран, Леван Џагарјан. Но двете држави можат да ги преиспитаат можностите за унапредување на ситуацијата, а меѓу другото - се зборува и за можноста за плаќање со користење на руската валута, изјави Џагарјан во интервју за каналот Русија 24.

Според зборовите на амбасадорот, трговијата паша поради едностраните економски санкции против Иран кои ги воведоа западните држави. Санкциите се однесуваат на финансискиот и нафтениот сегмент на иранската економија и го отежнуваат трансферот на парти за плаќање на увозот и извозот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.