„Тргнуваме од тоа дека меѓуконфесионалниот мир, меѓуетничката и меѓурелигиската слога се основа за постоење и понатамошен напредок на руската држава“, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на посетата на Еврејскиот музеј и Центарот за толеранција во Москва.
Претседателот посебно ја истакна улогата на културните центри како што е Еврејскиот музеј. „Многу ми е мило што Еврејскиот музеј и Центарот за толеранција зборуваат за историјата на еврејскиот народ во Русија и за светската историја. На овој начин тие допринесуваат за тоа за што се создадени - унапредување на толеранцијата“. подвлече Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче