Во Москва е отворен цивилниот самит на Г-20

Во Москва денес започнува меѓународниот форум на „цивилната дваесетка“.

Во Москва денес започнува меѓународниот форум на „цивилната дваесетка“, на кој ќе учествуваат претставници од земјите-членки на Г-20. Ваквите форуми традиционално се одржуваат во земјите кои претседаваат со Г-20.

„Цивилната дваесетка“ има цел да воведе „продуктивен дијалог во цивилната заедница, политичарите и лицата кои носат одлуки врз основа на приоритетите кои се ставени на агендата на руското претседавање“.

Можно е внесување измени во завршното коминике на шефовите на земјите-членки на Г-20 во согласност со препораките на Civil 20. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња