Создавањето на руска авиобаза во Белорусија не треба да предизвика негативна реакција од страна на трети држави, смета државниот секретар на Сојузната држава меѓу Русија и Белорусија, Григориј Рапота.
„Веќе во Западна Европа постои таква интеграција, и никој не го поставува прашањето за закономерноста на тие нешта“, изјави Рапота на новинарите во средата во Минск.
Во средината на април шефот на Министерството за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу за време на средбата со претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека Русија планира да создаде во Белорусија авиобаза, во која уште годинава се планира да бидат пратени авиони. Покасно тој соопшти дека тоа ќе биде заедничка авиобаза.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче