Independent: каналот Russia Today не му поставува на Путин чувствителни прашања

Independent го коментира гостувањето на Путин во Russia Today.

Телевизискиот канал Russia Today не му поставуваше на претседателот Владимир Путин чувствителни прашања кога тој беше гостин во студиото, пишува The Independent. Весникот забележува дека станало збор најмногу за надворешната политика на државата.

Кога претседателот го прашаа за односите меѓу Русија и САД, претседателот реши да се оддалечи од директен одговор и почна да зборува за првите американски доселеници и жителите кои таму ги нашле тие, а исто така и за користењето на нуклеарната бомба од САД кон крајот на Втората светска војна. За внатрешната политика, според весникот, не се зборувало на средбата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња