Huffington Post: од холивудските филмови ќе ги снема „лошите Руси“

Во следнава деценија од холивудските филмови ќе ги снема „лошите Руси и Кинези“, пишува The Huffington Post.

Во следнава деценија од холивудските филмови ќе ги снема „лошите Руси и Кинези“, пишува The Huffington Post. Ова го изјави познатиот продуцент Линда Обст. Според нејзините зборови, до 2020 година Кина ќе ги надмине САД и ќе стане држава со најголема гледачка публика во светот. Во американските филмови сѐ почесто се појавуваат актери од Кина.

Исто така, важен пазар за Холивуд претставува и Русија. Соодветно, негативните руски и кинески херои во американските филмови наскоро ќе ги снема, смета Обст. Наместо нив, новите „лоши дечки“ ќе станат претставници од Северна Кореја или терористи, смета продуцентот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.