Forbes: рејтингот на Путин воопшто не се намалува, туку обратно - се зголемува

Рејтингот на претседателот на Русија, Владимир Путин во реалноста не се намалува, туку останува на истото ниво како и во декември 2011 година.

Рејтингот на претседателот на Русија, Владимир Путин во реалноста не се намалува, туку останува на истото ниво како и во декември 2011 година, се кажува во статија во весникот Forbes. Како што забележува авторот, практично во секоја вест која се однесува на Русија има зборови за сѐ послабата поддршка на претседателот.

Сепак, во реалноста тоа воопшто не е така, што се докажува и преку анкетите и истражувањата што е вршат во последниве месеци. Авторот додава дека воопшто не може да стане збор за намалување на рејтингот на Путин. „Иако се чини дека позициите на Путин бавно се топат со текот на годините, рускиот претседател воопшто не е ’политички труп’“, заклучува авторот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.