Санкт Петербург се најде меѓу петте најпопуларни туристички центри во светот

Санкт Петербург се најде во петте водечки туристички центри во светот со посетеност од 5 милиони луѓе годишно.

Санкт Петербург се најде во петте водечки туристички центри во светот со посетеност од 5 милиони луѓе годишно, соопшти претставник на комитетот за надворешни врски на Петербург, Александар Прохоренко.

„Ние, секако, се радуваме заради ова, но не сме подготвени за такво нагло зголемување на бројот на туристи“, изјави Прохоренко. „За време на реализацијата на петгодишната програма, ние успеавме да го решиме проблемот околу зголемувањето на бројот на хотели, но сѐ уште не успеавме да го зголемиме капацитетот на музеите, вклучувајќи го и Ермитаж“.

Освен тоа, според зборовите на шефот на комитетот, транспортната ситуација во градот летно време е посебно ранлива поради застоите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.