Русија ќе издели 600 милиони долари годинава за борба против ХИВ вирусот

Во Русија има бесплатно лекување на ХИВ-инфицираните со најсовремени препарати во доволни количини.

За борба со ХИВ инфекцијата во Русија оваа година ќе бидат изделени 600 милиони долари, изјави во понеделникот замникот на постојаниот претставник на Русија во ООН, Дмитриј Максимичев, настапувајќи на заседанието на Генералното собрание на светската организација, посветено на меѓународните напори за борба против ХИВ/СИДА.

Според зборовите на дипломатот, во Русија „има бесплатно лекување на ХИВ-инфицираните со најсовремени препарати во доволни количини“.

Тој подвлече дека во моментов приоритет во борбата против распространувањето на ХИВ-инфекцијата во Русија остануваат програмите „кои ги мотивираат луѓето свесно да се откажат од ризичното сексуално однесување“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.