Денес се слави Денот на Русија

Официјално новото име (Денот на Русија) овој празник го доби на 1 февруари 2002 година.

На 12 јуни се слави Денот на Русија, или уште познат како Денот на изгласувањето на Декларацијата за државниот суверенитет на Русија, како што се именуваше овој празник до 2002 година. Ова е еден од „најмладите“ државни празници во Русија. На 12 јуни 2001 година, зборувајќи по повод Денот на изгласувањето на Декларацијата за државниот суверенитет на Русија, претседателот Владимир Путин кажа дека „од овој документ започнува нашата нова историја, историја на демократска држава, формирана врз основа на граѓанските слободи и владеењето на законот.“

Во 1994 година, првиот претседател на Русија, Борис Елцин со указ му дава на овој датум државно значење. Декларацијата за државниот суверенитет е потпишан четири години порано за време на првиот конгрес на пратениците на РСФСР, во услови кога поранешните републики на СССР една по друга добиваа независност. Имено на 12 јуни Русија го доби првиот сенародно избран претседател.

Официјално новото име (Денот на Русија) овој празник го доби на 1 февруари 2002 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.