Секој петти државен службеник во Новосибирск сака да работи со роднина

Секој петти државен службеник и работник во Новосибирск претпочита да работи со роднини, покажуваат резултатите од анкетата на HeadHunter.

Секој петти државен службеник и работник во Новосибирск претпочита да работи со роднини, покажуваат резултатите од анкетата на HeadHunter.

Анкетата е извршена од 27 мај до 3 јуни меѓу 1.400 работници во Новосибирск.

„Со непознати сакаат да работат луѓе чија професија е поврзана со постојан стрес – правници, секретари и работници во финансиската сфера. Притоа државните службеници претпочитаат да работат со познати луѓе или роднини. Секој петти од нив сака да работи со роднина“, се кажува во соопштението.

Според компаниите кои се занимаваат со прибирање податоци за оние кои бараат работа, 45% од жителите на Новосибирск немаат работно искуство со роднини. Секој трет од нив признава дека со роднините е потешко да се работи, отколку со непознати луѓе.

„Најголемиот дел од луѓето сметаат дека семејните односи му пречат на бизнисот. 23% имаат тешкотија да изразат незадоволство кон роднина. Секој петти е плаши надредениот да му биде роднина, бидејќи веднаш се појавуваат сомнежи“, се кажува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.