Само половина од Русите го знаат точното име на празникот на 12 јуни

Само половина од Русите го знаат празникот кој ќе се одбележи утре, на 12 јуни, сведочат податоците од анкетата која е извршена од Левада-центарот.

Само половина од Русите го знаат празникот кој ќе се одбележи утре, на 12 јуни, сведочат податоците од анкетата која е извршена од Левада-центарот.

Во 1994 година првиот претседател на Русија, Борис Елцин со указ го објави 12 јуни за Ден на прифаќање на декларацијата за државниот суверенитет на Русија. Самата декларација била потпишана четири години порано на првиот конгрес на народните пратеници на РСФСР - 12 јуни 1990 година.

Според податоците на социолозите, само половина од Русите знаат како се нарекува овој ден. Секој втор Русин знае дека на 12 јуни се одбележува Денот на Русија, а 7% од граѓаните не го сметаат овој ден за празник. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.