Руски миротворци на Голанската висорамнина: Израел се колеба

Поделени се мислењата на израелските политичари околу рускиот контингент на Голанската висорамнина.

Присуството на било кои миротворни сили на Голанската висорамнина ќе ја има поддршката на Израел, изјави во програмата на радиото „Ехото на Москва“ заемникот на Министерот за внатрешни работи на Израел, Фаина Киршенбаум.

„Ако претседателот Путин одлучи да испрати руски контингент, мислам дека Израел нема да се спротивстави. Ние секогаш сакаме некој да има таму за да ја надгледува ситуацијата“, изјави Кишенбаум.

Претходно други израелски државни функционери изнесуваа сосема спротивставени ставови во врска со ова прашање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња