Путин ги одреди клучните приоритети на надворешната политика

Путин ги наброи приоритетите на Русија и ги одреди начините за реализација на економските и политичките цели.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека клучни приоритети на надворешната политика на земјата се развој на партнерството со земјите од ЗНД, продлабочување на економските интеграции го рамките на Царинската унија, Заедничкиот економски простор и создавање до 2015 на Евроазиски економски сојуз..

Путин нагласи дека целите на руската надворешна политика имаат стратешки карактер, пред сѐ создавање на поволни услови за долгорочен развој на земјата, модернизација на економијата, јакнење на позицијата на рускиот бизнис на светскиот пазар, ширење на културното, хуманитарното присуство на Русија во странство.

Претседателот Путин истакна дека целите на надворешната политика на Русија се насочени кон создавање на поволни услови за долгорочен развој на земјата, модернизација на економијата, јакнење на позицијата на рускиот бизнис на светскиот пазар, проширување на културното, хуманитарното присуство во странство. Околу тоа, посебно значење има развојот на билатералните врски, како и различните форми на мултилатерална дипломатија, пред сѐ работата во рамките на ООН, БРИКС, Г-20, Г-8 и Шангајската организација, изјави Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.