„Нацбест“ од 2014 година ќе ја зголеми премијата на лауреатот на над милион денари

Од следната година наградата за лауреатот на „Нацбест“ ќе изнесува околу милион и сто илјади денари.

Руската литературна премија „Национален бестселер“ од следната година ќе ја зголеми наградата за лауреатот и ќе воведе спонзорски номинации, соопшти РИА Новости, повикувајќи се на информација од организаторите.

Во средината на април годинава стана познато дека премијата го изгуби главниот извор за финансирање, а нејзиното доделување се најде под знак прашалник. На 14 мај организацискиот комитет објави дека генералните спонзори на „Нацбест“ станале „2х2“ и кинокомпанијата „Централ Партнершип“.

Од следната година наградата за лауреатот на „Нацбест“ ќе изнесува околу милион и сто илјади денари. Исто така, ќе се воведе и утешна награда во вредност од 90 илјади денари, која ќе ја добијат останатите пет финалисти на конкурсот.

Литературната премија „Национален бестселер“ се доделува од 2001 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња