Универзитетите во Русија кои не можат да ја следат позитивната динамика на зголемување на платите на професорите ќе добиваат помало финансирање од Министерството, изјави министерот за образование на Русија, Дмитриј Ливанов.
„Ние донесовме решение за распределување на финансиите, земајќи ја предвид работата и квалитетот на секој универзитет. Во случај универзитетите да имаат поголема неефективност или да одбиваат ад ги зголемат платите на професорите – тогаш дополнителното финансирање на универзитетите ќе се намали“, додаде министерот.
Според зборовите на министерот, сите додатни средства кои ќе се доделуваат ќе се искористат за стимулирање, решавање на задачите и зголемување на бројот на професори во универзитетите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче