Руските и американските специјални служби користат слични методи за следење на Интернет, се кажува во статија на Forbes. Како што кажува авторот на статијата, властите на САД постојано ја критикуваат Москва за засилено набљудување на корисниците на Интернет и за прислушување на своите граѓани. Сепак, судејќи по историјата околу собирањето податоци за телефонските разговори во САД, излегува дека американската влада нема морално право да се повикува на ова прашање, смета авторот.
Според неговите зборови, не треба да се биде премногу гласен заштитник на граѓанските права и слободи за да се оценат дејствата на властите на САД за тревога и да се покаже загриженост поради големината на операцијата за собирање податоци. Како што смета авторот на статијата, дејствата на руските и американските специјални служби по ова прашање се слични.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче