Експерт: Израел ќе се обиде да го уништи С-300 во Сирија пред да стане истиот оперативен

Комплексот може истовремено да стрела по шест цели, а неговиот радиус на дејство изнесува 200 километри.

Израел во случај на испорака на руските зенитни ракетни комплекси С-300 во Сирија ќе се обиде да ги уништи истите пред тие да пристигнат и да бидат активирани, изјави за РИА Новости експерт од вашингтонскиот Институт за Блискиот Исток, поранешниот заменик директор во Стејт департментот на САД за разузнавање во Блискио Исток – Вејн Вајт.

„Испораките на руските С-300 во Сирија, кои во последно време станаа предмет на јавни спорови, можат да имаат долгорочно влијание на балансот на силите во регионот. Има реална можност Израел да не губи време и да ги уништи ракетните системи доколку тие пристигнат“, изјави Вајт.

„Тие можат да бидат уништени пред ад бидат активирани и да стапат на бојно дежурство“, додаде Вајт.

Според зборовите на експертот, Израел смета дека С-300 може да ја изгуби можноста да ги уништува испораките на оружје од Сирија на Хезболах. Засега застарените сириски системи за противракетна одбрана не се опасност за израелските авиони.

С-300, кој се смета за еден од најсовршените системи за противракетна одбрана во светот, може да уништува не само авиони, туку и балистички ракети. Комплексот може истовремено да стрела по шест цели, а неговиот радиус на дејство изнесува 200 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.