Путин го потпиша законот за тестирање на учениците за дрога

Учениците ќе бидат тестирани за дрога.

Претседателот на Русија, Владимир Путин го потпиша законот со кој се воведува тестирање за учениците за дрога и психотропни состојки. Ова се пренесува на официјалната интернет страница на Кремљ.

Со овие мерки се предвидува откривање на сите ученици оние кои користат дрога. Тестирањето на учениците кои немаат наполнето 15 години ќе се извршува со согласност на родителите, а постарите од 15 - доколку самите се согласат.

„Медицинските работници ќе тестираат со користење на нови, современи техники. Предвидено е резултатите да бидат целосно анонимни“, изјави заменикот на министерот за образование и наука, Александр Климов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња