Вулканот Шивелуч кој се наоѓа на Камчатка исфрли три столба со гас и пепел. Височината на еден од нив изнесува речиси 9 километри, соопшти денес филијалата а Геофизичката служба на Руската академија на науки.
Опасност за населението во моментов околу вулканот нема. Паѓање на пепел во локалните населени места не е забележано. Сепак, спасувачите препорачуваат никој да не се приближува кон вулканот, бидејќи пепелта може да предизвика алергиски реакции, а доколку се најде во истата во автомобилите, може да предизвика дефект.
Шивелуч е најстариот активен вулкан на Камчатка кој се наоѓа на 45 км од селото Кључи, каде живеат 5.000 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче