Во Москва сметаат дека ограничувањата на ООН, воспоставени пред неколку децении, а кои се однесуваат на учеството на Голанската висорамнина на миротворци од земјите на останатите членови на Советот за безбедност - се застарени. Ова на Twitter го напиша заменикот на шефот на руската дипломатија, Генадиј Гатилов.
Гатилов подвлече дека „ако Советот за безбедност на ООН навистина е загрижен за напрегнатата ситуација на Голанската висорамнина, тогаш праќањето на руски воен контингент е вистинското решение“.
Претходно во ООН изјавија дека во рамките на постоечките документи, земјите како Русија не можат да учествуваат со свои контингенти на Голанската висорамнина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче