Сириските бунтовници во реонот кај Голанската висорамнина стрелале врз новинарска екипа од Русија, пренесува „Русија 24“.
Инцидентот се случил недалеку од контролниот пункт „Чарли“, во кој се наоѓаат миротворците на ООН и пункт на сириските војници. Новинарската група заедно со колона од сириски војници доаѓала накај контролниот пункт, кога врз нив бил отворен оган.
Според зборовите на новинарите, војниците веќе ја вратиле контролата во тој дел од Голанската висорамнина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче