Зголемена е платата на социјалните работници во Русија

Социјалните работници се најмалку платени работници во Русија.

Средната плата на социјалните работници во Русија е зголемена за 50%, изјави шефот на Министерството за труд, Максим Топилин.

„Социјалните работници досега имаа најмала плата, нешто повеќе од 12.000 денари“, изјави Тополин. Тој исто така забележа дека со новите зголемувања на платите, средната плата на социјалните работници во Русија ќе изнесува над 19.000 денари.

Во моментов највисока плата социјалните работници во Русија имаат во Владимирската област, каде заработуваат 80% од големината на средната плата во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња