Трговскиот суфицит на Русија е помал за 15,1%

Помалите цени на нафтата го намалија трговскиот суфицит на Русија.

Позитивното салдо на рускиот извоз во периодот од јануари до април 2013 година се намали за 15,1% во споредба со истиот период во 2012 година и изнесува 69,7 милијарди долари, пренесува РИА Новости.

Извозот во првите четири месеци во 2013 година изнесува 168,6 милијарди долари, додека увозот – 99 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња