Позната е средната цена за хотелска соба во Москва

Hotels.com изврши истражување за цените на хотелското сместување во Русија.

Порталот Hotels.com изврши истражување за тоа колку би ги чинело туристите одморот во Русија преку цените на хотелските соби.

Во минатата година најскап град во светот во однос на цените на хотелските соби беше Москва. Според цените годинава, Москва и оваа година ќе го задржи првото место. Средната цена за хотелска соба во Москва изнесува околу 10.000 денари за едно ноќевање.

На второто место е Санкт Петербург, каде за една ноќ туристите ќе треба да платат средна цена од околу 6.500 денари. На третото место е Екатеринбург – 6.000 денари.

Четвртото и петтото место во рејтингот го држат Казањ и Иркутск. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња