Меѓународните валутни резерви на Русија на 31 мај изнесуваа 518,4 милијарди долари, наспроти 513,7 милијарди долари на 24 мај, се известува на интернет-страницата на Банката на Русија.
Според тоа, валутните резерви на Русија за една недела пораснале за 4,7 милијарди долари (0,9%). Една недела претходно валутните резерви на Русија пораснаа за 1,3 милијарди долари (0,3%).
Историскиот максимум меѓународните валутни резерви го достигнаа во почетокот на август 2008 година кога изнесуваа 598 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче