Комерсант: познат е пакетот мерки за зголемување на растот на БДП

Најголемиот дел во овој пакет се класичните интервенционистички решенија.

Станаа познати деталите за кои се разговараше во Кремљ и Белата куќа за пакетот мерки за стимулирање на економскиот раст, пишува весникот „Комерсант“. Се смета дека финалната верзија на овој пакет ќе биде одобрена на 10 јуни.

Најголемиот дел во овој пакет се класичните интервенционистички решенија. Меѓу нив е вклучено и намалувањето на каматите во банкарскиот сектор, директна борба со инфлацијата и т.н.

Исто така, во пакетот се предлагаат мерки кои се поврзани со даноците и намалувањето на државниот сектор во економијата. Се планира и укинување на данокот на приход на физичките лица доколку истите инвестираат во руски акции, како и воведување во руското законодавство на CFC правилата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња