Анкета: Околу половина од Русите не читаат книги

Минатата година 45% од жителите на Русија не прочитале ниту една книга.

Минатата година 45% од жителите на Русија не прочитале ниту една книга. Ваквите податоци ги дава аналитичарот на фондот „Општествено мислење“, Екатерина Кожевина. Според неа, тенденцијата секоја година се влошува.

„Пред десет години кога вршевме слична анкета, оваа цифра беше значително помала - само 32%. Најмногу читаат, како и порано, жените од 18 до 29 години“, изјави Кожевина.

Анкетата покажа дека само 48% од Русите повторно ги читаат делата предвидени според руската училишна програма после завршувањето на средното образование. Најчесто жителите на Русија ја читаат „Мајсторот и Маргарита“ од Булгаков, после неа следува „Тихиот Дон“ од Шолохов и „Војна и мир“ од Толстој.

Според податоците од анкетата, Русите сметаат дека од програмата треба да се исклучат „Еден ден од животот на Иван Денисович“ од Солженицин и „Ние“ од Земјатин, бидејќи на адолесцентите најтешко им било да ги разберат тие книги.

Анкетата покажа дека 16% од Русите не гледаат неопходност да се изучува странската литература во училиштата. Поетот Лев Рубинштејн дава ваков коментар: “Според мене, не треба да се исклучи странската литература. Без таа литература невозможно е да се сфати руската. Не може да се чита Достоевски, а да не се знаат делата на Дикенс, или пак да се чита Пушкин, а притоа никогаш да не сте го држеле Шекспир во рацете“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.