Песков: во животот на Путин нема друга жена

Во животот на Владимир Путин нема друга жена, изјави портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков во интервју за радиото „Ехото на Москва“.

Во животот на Владимир Путин нема друга жена, изјави портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков во интервју за радиото „Ехото на Москва“.

„Воопшто не е тешко да се погледне и открие каков е работниот распоред на Путин. Веднаш ќе сфатите дека во неговиот живот, за жал, не е поврзан со никакви семејни односи, туку само со обврските кои тој ги исполнува како шеф на државата“, изјави Песков.

Според портпаролот на Путин, фактот дека сопругата на Путин не се појавувала на екраните се објаснува со тоа што „таа воопшто не сака јавни случувања“.

Владимир и Људмила Путини вчера објавија дека ќе се разведат. Засега барањето за развод не е поднесено. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња