Американските медиуми, повикувајќи се на извори во Пентагон, во четвртокот објавија вест дека специјалните служби на САД забележале три воени бродови кои тргнале накај источниот дел на Средоземното море. Според нив, во бродовите има оружје за војската на претседателот на Сирија, Башар Асад.
Според податоците на изворот, бродовите го напуштиле руското пристаниште пред неколку дена. Американските сателити откриле контејнери во кои се претпоставува дека се наоѓа оружје. Не е исклучено тоа да се и делови за С-300 кои треба да бидат испорачани на режимот на Асад.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче