Јавните разводи на политичките лидери за Русија се невообичаени, пишува Forbes. Како што пишува изданието, за време на СССР немало ниту еден случај на развод во земјата. Владимир Ленин останал во брак со својата жена Надежда Крупскаја и покрај тоа што ја изневерил со Инес Арманд. Последниот руски лидер кој се развел од својата жена е Петар Велики, и тоа се случило во XVII век, се кажува во статијата.
Путин тргна по стапките на Петар Велики, а не Ленин, заклучува весникот. Останува да се чека следниот чекор на претседателот на Русија: дали ќе почне да има авантури со други жени или ќе си најде жена која ќе ги достигне неговите амбиции и на која и се допаѓа статусот на јавна личност.
Во забелешката се кажува дека слуховите за разводот на Путин одамна кружат, заедно со шпекулациите дека претседателот на Русија се среќава со други жени, вклучувајќи и поранешна гимнастичарка која е 30 години помлада од него.
Вистинските подробности за личните односи во семејството на Путин остануваат зад завесите. Сепак, за време на својот трет мандат, претседателот се фокусира на „чистката“, отстранувајќи ги играчите на кои повеќе не им верува, а се завртува кон конзервативниот електорат, чија верност се чини загарантирана.
„Русија останува длабоко конзервативна држава, каде православната црква има сè поголемо влијание, а популарноста на Путин доста зависи од поддршката од Русинките во средни години кои лошо ќе реагираат ако тој се жени со помлада девојка“, забележува авторот на статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче