Во Москва е создадена комисија за откривање на причините за колапсот на метрото

Претходно беше соопштено дека поради задимување во метрото настрадаа 76 луѓе, од кои 16 се хоспитализирани.

Случките во московското метро, поради кои половина ден не работеше централниот дел на една од линиите, ќе бидат истражувани од специјална комисија, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Веќе создадовме комисија за откривање на причините за тоа што се случи. Владата во Москва ќе ја земе истрагата под своја контрола за да не се дозволи такво нешто во иднина. Во рамките на работата на комисијата планираме обновување на инструкциите на вработените во метрото во случај на слични ситуации“, изјави заменикот на градоначалникот на Москва, Максим Ликсутов.

Претходно беше соопштено дека поради задимување во метрото настрадаа 76 луѓе, од кои 16 се хоспитализирани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња