Телевизискиот канал Russia Today со милијарда гледања на YouTube

Само за споредба - прегледувањата на RT на YouTube ги надминуваат дури и оние на Fox News и BBC, и тоа двојно.

„Тоа е неверојатно достигнување“, изјави вице-претседателот на компаниајта Google за содржини, Роберт, Кинсл. „Ние се гордееме и ни е драго што RT постигна таква цифра. Милијарда прегледувања - тоа е нешто кон што многумина се стремат. Да се создаде врска со публиката и да се заинтересираат гледачите за да се враќаат повторно и повторно, и како резултат на тоа да се постигне толкав рејтинг - тоа е неверојатно достигнување“, се кажува во извештајот за медиумите.

„Успехот на телевизискиот канал RT покажува дека неговата популарност расте, корисниците ги центар легалните, професионални содржини“, забележа генералниот директор на Google во Русија, Јулија Соловјова.

Ретко кој во светот може да се пофали со милијарда прегледувања на своите содржини, посебно од сферата на новинарството. RT е канал кој беше еден од првите кој се приклучи на YouTube во 2007 година.

Само за споредба - прегледувањата на RT на YouTube ги надминуваат дури и оние на Fox News и BBC, и тоа двојно.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња