Споменикот на Пушкин во Петербург ќе биде измиен за неговиот роденден

Оваа акција планирано е да се одржува секоја година.

Традиционалното миење на споменикот на Александар Пушкин во Петербург во вторникот се претвори во театрално шоу. Граѓаните можеа да ги прочитаат стиховите на поетот од сцената, а исто така да се фотографираат со хероите од неговите дела.

Учество во акцијата во чест на денот на раѓање на Пушкин можеше да земе секој кој сака. За прочитаните стихови на сцената организаторите им даваа на учесниците книги со дела од големиот руски поет.

Освен тоа, за време на „денот на бањање“, сопствениците на домашни скулптури и статуетки од поетот можеа да ги измијат истите благодарејќи на специјално поставените средства за чистење.

Оваа акција планирано е да се одржува секоја година.

Споменикот на Пушкин, чиј автор е Михаил Аникушин, бил поставен на плоштадот на Уметноста пред Рускиот музеј во 1957 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.