Претседателот Владимир Путин ѝ нареди на владата да го разгледаат прашањето за учество на „Руските железници“ во приватизацијата на грчкото пристаниште во Солун, грчкиот железнички оператор TrainOSE, како и компанијата за ремонт Rosco.
Рускиот монопол веќе побара дозвола за купување на тие активи, повикувајќи дека истите имаат стратешка важност за Русија во Европа. Почетната цена на трите компании е повеќе од 140 милиони евра. „Руски железници“ очекуваат државно финансирање за завршување на зделката.
Претседателот на „Руските железници“, Владимир Јакунин забележа дека веќе доби писмо од грчките министерства со податоци за почетните цени на активите: TrainOSE чини не помалку од 30 милиони евра, Rosco- 10 милиони, а пристаништето во Солун - 100 милиони евра. „Руските железници“ имаат прекрасна можност да ги обединат железничките и пристанишните проекти во Грција со проектите за развој на инфраструктурата во Србија, треба да се искористи потенцијалот на веќе купената компанија GEFCO за зголемување на обемот на превоз на стоки по тој транспортен коридор“, пишува Јакунин.
Јакунин смета на помош од државата во финансирањето на зделката: „Имајќи предвид дека ова се стратешки важни проекти за зголемување на улогата на Русија на европското економско пространство, логично и полезно ќе биде и државата да учествува во финансирањето“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче