Русија кардинално ќе го измени системот на работа за подобрување на имиџот на државата во странство и реализирање на нејзините интереси. Во март претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ со кој се регулира дејноста на Россотрудничество, кој станува главен извршител на концепцијата „мека сила“. Од една страна, Русија ќе го намали финансирањето преку меѓународните организации во странство, а парите (повеќе од 500 милиони долари) ќе бидат насочени кон билатерални проекти, пред сѐ во државите на ЗНД.
Обемот на средства кој Москва го изделува за вакви проекти постојано расте. Во 2004 година, на пример, овој буџет изнесуваше само 100 милиони долари.
Предвидено е да се зголеми бројот на места за студенти од странство кои сакаат да студираат во Русија, а исто така се предвидува и отворање на руски центри за наука и култура во странство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче