Денес се одбележува Денот на рускиот јазик

Денес во светот има повеќе од 150 милиони говорители на овој јазик, а за уште 100 милиони рускиот јазик е втор јазик.

Овој празник се појавил на меѓународниот календар во 2010 година, кога одделот на ООН за односи со јавноста предложи да се воведат празнични денови посветени на шести официјални јазици на организацијата: рускиот, англискиот, арапскиот, шпанскиот, кинескиот и францускиот. Денот на рускиот јазик се одбележува секоја година на 6 јуни - на денот на раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин.

Рускиот јазик е еден од најголемите јазици во светот и најраспространет од словенските јазици, а исто така и најраспространет европски јазик гледано географски. Денес во светот има повеќе од 150 милиони говорители на овој јазик, а за уште 100 милиони рускиот јазик е втор јазик.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.