Познатите актери Светлана Крјучкова, Ана Коваљчук, Сергеј Мигицко и други ќе прочитаат под отворено небо приказни од Пушкин во чест на денот на раѓањето на поетот, пренесува прес-службата на градската администрација.
Сите кои сакаат ќе можат да ги слушнат актерите на плоштадот на Уметноста од 16 до 20 часот во Санкт Петербург.
Во центарот на Санкт Петербург ќе работат уште три интерактивни места, каде ќе се одржи демонстрација на „живите слики“ со сцени од животот на Пушкин, танци, конкурси, претстави за деца и возрасни, читање на делата на големиот руски поет на шпански, италијански, грузиски и други јазици.
Свечени манифестации се предвидени и во Царско село, каде учел Пушкин, како и во Константиновскиот дворец, каде во чест на поетот ќе се одржи бал,
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче