Tiffany се подготвува да отвори сопствен бутик во московскиот трговски центар ГУМ во првиот квартал во 2014 година, соопшти компанијата. Бутикот ќе има површина од 420 квадратни метри и ќе се наоѓа на два ката. Тоа ќе биде прв проект на оваа компанија во Русија.
Отворањето на сопствен бутик во ГУМ е „посебна етапа во стратегијата на развој, со што се подвлекува важноста на рускиот пазар“, се наведува во соопштението на компанијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.