Путин ја прифати оставката на градоначалникот на Москва

Претседателот на Русија, Владимир Путин ја прифати оставката на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и му посака успеси на предвремените избори за градоначалник на Москва.

Претседателот на Русија, Владимир Путин ја прифати оставката на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и му посака успеси на предвремените избори за градоначалник на Москва.

Во вторникот Собјанин изјави дека ќе се обрати до претседателот со молба за оставка за да се одржат избори за градоначалник во септември.

„Ние со вас работиме одамна и јас ги знам вашите возможности“, рече Путин, прашувајќи го Собјанин дали планира да учествува на изборите. Откако слушнал потврден одговор, Путин му посакал на Собјанин успеси.

„Сергеј Семјонович, вие веќе повеќе од 2,5 години ги исполнувате обврските. Општо земено, работите успешно, и ќе ве замолам да ја продолжите својата работа. Сега ќе потпишам указ ваше назначување на в.д. градоначалник, сè до одржувањето на изборите“, изјави Путин на работната средба со градоначалникот на Москва.

Путин му порача на Собјанин да работи и обезбеди социјална и општествена стабилност и покрај подготовките за изборите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња