Мис Кина-2011 ја изгуби работата поради врска со руски милијардер

Во медиумите се појавија пикантни фотографии од рускиот милијардер Доронин и Цилин, направени за време на одморот на парот на шпанскиот остров Ибица.

Топ-моделот Ло Цилин во 2011 година стана „Мис Кина“. Таа неодамна ја изгуби работата поради врска со поранешниот партнер на Наоми Кемпбел – рускиот милијардер Владислав Доронин, пишува во вторникот британскиот весник Daily Mail.

Кампбел и Доронин беа заедно околу пет години, но во последно време во медиумите почнаа да се појавуваат информации дека тие раскинале. Оваа недела Daily Mail објави фотографии од Доронин и Цилин за време на нивниот одмор на островот Ибица. Како што кажува изданието, имено Кемпбел ѝ помагала на 25-годишната Цилин да создаде манекенска кариера, што е и објаснување како таа се запознала со Доронин. Извор на весникот изјавил: „Може да се каже дека Ло и Владислав се запознаа благодарејќи на Наоми. Тоа е навистина непрофесионално од страна на Ло, но и од страна на Владислав исто така“:

Шефот на њујоршката агенција MIX model Management NYC, Нил Хамил, со кој Цилин имала склучено договор, потврди дека компанијата ја прекинува работата со Кинеската.

„Договорот до Цилин е ракинат минатата недела поради нејзината непрофесионалност и нарушување на работната етика“, изјави Хамил. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.