Преговорите за територијалниот проблем меѓу Русија и Јапонија ќе бидат возобновени на 20 јуни, а првата рунда од преговорите ќе се одржи во Москва меѓу замениците на министрите за надворешни работи на двете земји, соопшти весникот „Асахи“.
Заменикот министер за надворешни работи на Јапонија, Мацујама Масаѕи ќе дојде во Москва веднаш после самитот на Г-8 во Велика Британија, кога се очекува средба на највисоко ниво меѓу премиерот на Јапонија, Шинзо Абе и претседателот на Русија, Владимир Путин.
За време на својата посета во Русија се очекува Мацујама да учествува и на Петербуршкиот меѓународен економски форум.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче