Корпорацијата Apple поднесе официјално барање за регистрација на iWatch во Роспатент, пренесува весникот „Известија“.
Барањето за регистрација се однесува за две класи според Меѓународната класификација на стоки и услуги (МКТУ), за компјутери, периферни апарати и часовници.
Според информацијата која претходно се појави на Интернет, часовникот iWatch ќе има екран на допир. Преку безжична мрежа ќе се пренесува на него информација од iPhone, а сопственикот ќе може да ги менува песните во музичкиот плеер или да ги прегледа минатите повици. Екранот на часовникот ќе има виртуелна тастатура, што ќе овозможи да се пишуваат писма и пораки директно преку екранот на часовникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче