Фестивал на руската култура започнува во Јапонија

Фестивалот на руската култура се одржува во Јапонија секоја година почнувајќи од 2006 година.

Бројот на посетители на традиционалните Фестивали на руската култура во Јапонија за годините откако се одржуваат ваквите манифестации достигна 10 милиони, соопштија организаторите на осмиот по ред форум на церемонијата на отворање на Фестивалот.

„Културната размена покажува позитивно влијание на билатералните односи“, рече Владимир Путин во поздравното слово на отворањето на Фестивалот.

На церемонијата учествуваше амбасадорот на Русија во Јапонија, Евгениј Афанасјев, поранешниот премиер на Јапонија, Јукио Хатојама и други претставници на обете држави.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат балетски, музички и фолклорни настапи, ќе настапи и рускиот циркус како и детски музички групи.

Фестивалот на руската култура се одржува во Јапонија секоја година почнувајќи од 2006 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња