Бројот на настрадани при пожарот во московското метро порасна до 31

Се зголеми бројот на настраданите во пожарот утрово во московското метро.

Медицинска помош поради пожарот во московското метро побарале 31 човек. Ова го пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Министерството за вонредни состојби во Москва.

„Досега се обратија 31 настрадан, а четворица се хоспитализирани“, се кажува во известувањето од Министерството.

Како што претходно стана познато, меѓу станиците „Библиотеката ’Ленин’“ и „Охотни Рјад“ се запалил кабел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња