Русите почнаа да ги откажуваат турите во Прага за следниве неколку денови, иако откажувањата засега носат индивидуален карактер.
„Од понеделникот во туристичките агенции започнаа јавувања од туристи. Има такви кои сакаат да го откажат патувањето. Ако турата не е платена, тогаш нема никакви проблеми. А ако се платени - тогаш туристичките агенции препорачуваат пренесување на датумот за патување, бидејќи откажувањето не е исплатливо ниту за агенцијата, ниту за туристот. Засега од страна на руските власти нема никакви официјални предупредувања за патувањата во Чешка.“, изјави Ирина Тјурина, портпарол во Рускиот сојуз за туризам.
Според последните податоци, трет, највисок степен за поплави веќе е објавен во 50 градови, вклучувајќи ја и Прага. Во градот се затворени 9 метро станици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче